Newsletter
Билтен бр. 1
Презентација на проектот, Прв транснационален состанок лице в лице и Тренинг за тренери
Декември, 2022 година
Добредојдовте во првиот билтен на проектот UnInLeCo (Универзитетски и бизнис инклузивни дигитални тренери за учење). Овој проект е координиран од Универзитетот во Аликанте во рамките на програмата Еразмус + (Клучна акција 2 - Партнерства за соработка), од март 2022 до февруари 2024 година.
UnInLeCo има за цел да создаде трајно партнерство за поддршка што ја зголемува дигиталната подготвеност на обесправените ризични групи, како и на професионалците кои работат со нив, за понатамошно развивање на нивните дигитални компетенции и за поттикнување на поволен став кон учењето во дигитални средини, преку градење и одржување на систем за социјална поддршка.
Меѓународниот конзорциум на овој проект е составен од шпанскиот универзитет во Аликанте како координатор, Универзитетот на Југоисточна Европа на Република Северна Македонија, Меѓународното училиште за социјални и деловни студии на Словенија, Институт за консалтинг во општествени науки - ISOB во Германија и FUNDEUN, исто такa во Шпанија.
Интелектуалните резултати од проектот главно ќе резултираат со создавање на отворена платформа за обука која ќе се фокусира на следните цели: на наставници кои работат со деца во ризик од социјална исклученост, персонал кој работи со бегалците од војната во Украина, работници кои се во интеракција со постари лица, советници кои работат со рурални жени претприемачи и волонтери кои работат со бегалци.
На 21, 22 и 23 ноември, словенечкиот партнер (ISSBS) беше домаќин на 1. Транснационален состанок и тренинг за тренери на проектот во градот Пиран. Средбата, која беше прва што се одржа лично во контекст на проектот, се одржа во просториите на локалниот Универзитет ЕМУНИ. За време на состанокот, партнерите можеа лице в лице да работат на најважните аспекти од управувањето и координацијата на задачите на UNINLECO.
За време на сесиите за обука (Тренинг за тренери), кои се одржаа во текот на три дена, група професионалци од третиот сектор и членови на конзорциумските организации активно работеа на најрелевантните аспекти за обука кои треба да се развијат за идни активности за обука, со главен фокус ставен на учесниците и идните обучувачи на заинтересираните учесници.
Координаторот на ISSBS ја поздрави групата и ги информираше сите присутни за најважните аспекти на градот Пиран, вклучително и дел од неговата историја и неговата припадност на Кралството Венеција. Присутните уживаа во обиколката на кампусот по обуките, а пред почетокот на тематските состаноци на кои беа разгледувнаи теми кои се фокусираа на менаџментот и следните чекори во спроведувањето на проектот.
До следниот билтен!